Urban Fashion Studio Majski Cvet

Urban Fashion Studio Majski Cvet e frizernica koja nudi najdobri uslugi za vasata kosa! Potstrizuvanje, satiranja....nadgradbi na kosi...se sto posakuva eden tinedjer i tinedjerka za svojata kosa ! Najdobar izbor za polumaturantite e ovaa frizernica! Cenite se povolni i odgovaraat za site! Se naodja na gratskiot pazar na kat vo Tetovo!
URBAN FASHION STUDIO MAJSKI CVET!!!

Thursday, May 3, 2007

Aлергични на злато?


Се до неодамна, научниците беа уверени дека алергија на чисто злато не може да се развие, туку дека нејзин причинител се никелот или хромот во златната легура. Но, конечно е докажано - има и такви несреќници кои се алергични на злато.

Германскиот научник Томас Фухс стави крај на досегашните тврдења дека златото не создава алергиски реакции. Др. Фухс спровел студија на 30 дерматолошки клиники и болници низ цела Германија и дошол до заклучок дека некои луѓе навистина се алргични на чисто злато без легура.

Степенот на алергијата е различен. Кај некои луѓе се појавува дерматитис дури и по краток допир со златото, додека други развиваат алергија дури по цели години носење златен накит.

Мистериите на умот и научни објаснувања



Зошто сонуваме? Како памтиме? Што не тера на смеење? На кој начин воопшто функционира човековата свест? Одговорите на сите овие прашања се скриени само во еден орган кој и после толку години проучувања останува мистерија.

Многу теории за мозокот настанале уште во стариот век кога пробале да ги дефинираат индијските и старогрчките филозофи. Овие предначучни теории имале главно теолошка основа и разумот го поврзувале со дуѓата, што наметнало претпоставки за постоењето на натприродното во човекот.

Модерните теории се темелат на научни анализи на мозокот, па умот се прифаќа како психолошки феномен и се поистоветува со совеста. Денес, одамна откако Фројд го запозна светот со фактот дека голем дел од нашите постапки е условен од нашите потиснати чувства, длабочините на умот повторно се анализираат.

Мозокот на човекот се состои од отприлика 25 милијарди станици и функционира како приемник кој информациите од надворешниот свет ги насочува и интерпретира како чувства. Доколку се занемари паранормалното, на пример телекинезата и телепатијата, мозокот сеуште е загатка.

СОНОВИ
Една од најбаналните загонетки на умот со која секојдневно се сретнуваме се соништата. Кога би прашале 10 стручњаци од што се состојат соништата, најверојатно би добиле 10 различни одговори, бидејќи ни научниците немаат конкретен одговор.

Меѓу најчестите дефиниции се појавува онаа која вели дека соновите се всушност вежбање на мозокот. Друга теорија вели дека во соништата ги проживуваме задачите и емоциите со кои во текот на будната состојба не сме се занимавале, па овој процес ги собира и зацврстува мислите и чувствата.

Меѓутоа, сите научници се согласуваат декасликите кои ги нарекуваме соништа се јавуваат за време на таканареченото парадоксално спиење, познато како REM состојба во која телесните функции се силни изразени и променливи.

ФАНТОМСКО ЧУВСТВО
Иако многу поретка, но подеднакво интересна е мистеријата наречена фантомско чувство. Се претпоставува дека околу 80 посто од луѓето со ампутирани делови халуцинираат некои чувства на тоа место, како што се топлина, чешање, притисок и болка. Луѓето кои го доживуваат овој феномен, познат под називот фантомски делови, доживуваат некој вид на чувства дека ампутираната рака или нога и понатаму е дел од нивното тело.

Едно од објаснувањата е дека нервите на местото каде што е пресечен ектремитетот создаваат нови конекции со мозокот и му праќаат лажни сигнали. Другата можност е дека мозокот навистина е предодреден да функционира како телото да е недопрено, што би значело дека во неговата меморија се чуваат сите податоци за анатомијата.

СМЕЕЊЕ
најголемата мистерија е како физичкото и хемиските процеси кои се одвиваат доведуваат до психолошки реакции, однесувања и доживувања. Секодневна појава, а голема мистерија е и смеењето.

Иако звучи неверојатно, смеата е една од најслабо објаснети постапки на човекот. Научниците откриле дека за време на искреното човеково смеење се активираат три подрачја на мозокот: центарот за размислување кој помага да се сфати шега, центарот за моторика кој управува со движењето на мускулите и центарот кој управува со расположението. Останува мистерија зошто некои луѓе се смеат на глупи старомодни вицови, додека други на смеење ги тераат на пример хорор филмовите. Но, едно е сигурно - од смеењето се чувствуваме подобро.

Конечно ефикасен лек против ХИВ



Новиот, експериментален лек против ХИВ "Isentress" на фармацевтската куќа Merck, Sharpe & Dohme - MSD покажува охрабрувачка ефикасност кај пациентите со мултирезистентен ХИВ вирус, соопштија учесниците на годинашната Конференција за ретровируси во Лос Анџелес.

Кај пациентите инфицирани со вирусот ХИВ кој е ризистентен на најмалку еден лек од секоја од трите расположливи класи лекови, после 16 недели испитување, резултатите покажале дека кај повеќе од 75% од пациентите кои добивале "Isentress" во комбинација со оптимизирана базична терапија е намален бројот на вирусите, споредено со околу 40 отсто од тие кои добивале плацебо и оптимизирана базична терапија.

Досегашното испитување покажало дека пациентите добро го поднесуваат "Isentress" плус оптимизирана базична терапија и дека безбедносниот профил е сличен на тој воочен кај пациентите кои добивале плацебо плус оптимизирана базична терапија, се наведува во соопштение на Merck, Sharpe & Dohme.

Најчесто пријавувани несакани реакции биле диареја, мачнина, надуеност, болка во абдоменот, главоболка, умор и реакција на местото на давањето инјекција.

Се проценува дека моментално ширум светот со ХИВ се инфицирани 40 милиони луѓе и оти секоја година се појавуваат повеќе од четири милиони нови инфекции. Сидата е еден од водечките причинители за смртноста кај инфективните болести ширум светот и е одговорна за околу три милиони смртни случаи годишно.

Lion King е плагијат












Дали е коинциденција сличноста на Дизниевиот Lion King со јапонската анимирана серија од 1960 наречена Kimba the White Lion? Дури и имињата 'Simba' и 'Kimba' се премногу слични. Одговорот на Дизни во врска со ова прашање е дека „нашите луѓе немаа чуено за Кимба досега“. Сепак, сите веруваат дека ова е најголемата анимирана 'кражба' досега.

Откриен идентитетот на Џек Мевосек?


Еминентен јужноафрикански историчар верува дека го открил идентитетот на еден од најозлогласените убијци на сите времиња - Џек Мевосек.

Публицитетот околу книгата на Чарлс Ван Онселен "The Fox and The Flies: The World of Joseph Silver, Racketeer and Psychopath" публикувана во Април, укажува на извесен Џон Силвер како Џек Мевосек, серискиот убиец кој има убиено најмалку 5 проститутки во Источен Лондон во далечната 1888 година.

Ван Онселен верува дека Силвер се совпаѓа со психолошкиот профил на убиецот, а во периодот кога биле извршени убиствата Џон Силвер живеел во Источен Лондон со својата ќерка. Тој бил макро и држел бордел, па би запознаен со проституките и нивните работни навики.

Ван Онселен, син на детектив, го следел Силвер низ цела Европа, Африка и Америка. На крајот, Силвер бил погубен како шпион во Полска во 1918.

„Во однос на личноста, годините, карактерот, менталните болести и шемата до крајот на неговиот живот, Џон Силвер перфектно се вклопува како Џек Мевосек“.

Mириси на кожата


Kога летните горештини ќе започнат, невозможно е да се скријат хигиенските навики. Се се гледа, или да бидеме прецизни, се' се чувствува. Посегнувањето кон парфемите (древниот трик), дезодорансите и антиперспирантите се повеќе е проблем, а не решение. Името на решението е сосема едноставно - чистота. Таа не излегува од мода.

Потењето е физиолошка одлика на човековото тело. Постојат два вида на пот, бидејќи постојат и два вида на потни жлезди. Апокрините потни жлезди (се наоѓаат претежно под пазувите, како и во пределот на гениталиите и дојките) се активираат по пубертетот и секретираат апокрина пот во мали количества. Таа се состои претежно од органски материи (амонијак, липиди, млечна киселина и т.н.) и иницијално е без мирис. Апокрината пот е една од секундарните полни одлики и нашироко се дискутира за постоењето и улогата на феромоните (љубовни, мирисни пораки на телото).

Екрините потни жлезди се распоредени по целата кожа и лачат пот од самото раѓање до длабоката старост. Вкупно ги има околу 2 милиони, а највеќе на дланките и табаните. Екрината пот е бистра, без мирис и со солен вкус. Се состои од 99% вода, а до 1% се цврсти материи (натриум, калиум, хлор, млечна киселина, уреа и т.н.). Создава кисела реакција на површината на кожата, а заедно со себумот (производ на лојните жлезди) формира заштитен слој на површината на кожата. Екрината пот е значаен учесник во регулирањето на телесната температура на човекот. Имено, скокот на температурата ја крева температурата и во центарот за терморегулација (во хипоталамусот), од каде што се праќа сигнал до потните жлезди да го засилат лачењето на екрината пот. Со испарувањето на оваа пот од површината на кожата температурата се снижува, а организмот се лади.

КОГА ЌЕ ЗАМИРИСА...


И се така до првиот, непријатен мирисен шок кој ќе не "удри" од блискиот сопатник во јавниот превоз, но и во многу други ситуации. Непријатниот мирис настанува поради активностите на бактериите на површината на кожата. Тие ја разградуваат потта, па се синтетизира амонијак, како и слободните масни киселини кои се криви за непријатните мириси.

Што да се прави? Во борбата против потните мириси, сапунот и водата се оружје број еден, но популарноста им е загрозена пред налетот на дезодорансите и антиперспирантите.

Од друга страна, се почесто се лансираат предупредувања за канцерогеноста на одредени состојки во дезодорансите и антиперспирансите. Нивната редовна примена во зоната под пазувите, поготово до 1 час по бричењето се поврзува со појавата на рак на дојките.

Алуминиум хлорхидратот кој се наоѓа во дезодорансите и антиперспирантите е сол која се поврзува со појавата на рак на дојките, но и со се почестата појава на Алцхајмеровата болест.


РЕШЕНИЕТО СЕКОГАШ ПОСТОИ


1. Редовно миење на кожата, поготово под пазувите. Дури и да нанесеме дезодоранс и/или антиперспирант, кожата мора да биде чиста и сува. Доколку непријатниот мирис на пот се појави, нема да може да биде "убиен" само со спомнатите препарати.

2. Не нанесувајте дезодоранси и антиперспиранти барем неколку часа по отстранувањето на влакната под пазувите.

3. Обрнете внимание на составот на препаратите, како и рокот на употреба за да ги избегнете алергиските реакции или иритација на кожата. На пример, парабените и парфемите кои се наоѓаат во индустриските дезодоранси и антиперспирантите се чести алергени.

4. Користете хербални резерви без конзерванси. Во светот, а и кај нас постојат цели колекции на препарати кои се означени како органски, што значи дека ниедна нивна состојка не е добиена синтетички, туку е од природно, контролирано потекло.

Обликувајте го струкот


Струкот е место на кое телото го таложи вишокот на мастите, па затоа е и потешко да се ослобориме од нив. Воопшто не зачудува тоа што 71% од жените се незадоволни со изгледот на сопствениот струк. Сепак, доколку нешто е тешко, не е и невозможно.

Доколку сакате потенок струк и поцврст стомак, најпрво размислете за правилната исхрана. Идеална би била онаа со помалку калории, а калориите кои ќе ги конзумирате требА да бидат од квалитетни намирници. Нутриционистката Jennifer Warren препорачува диета со нагласок на протеини (пред се - риба), житарици, овошје и користење на маслиново масло. Но, не претерувајте со исфрлање на јаглерохидратите.

Според истражувањата, љубителите на белиот леб, годишно го прошируваат својот струк во просек за 1 см. Интересно е што оваа група на луѓе не добива општо на масно ткиво, туку место на кое ги таложат вишокот маснотии.

Мажите и жените кои имаат навика неколку пати месечно да се опијанат за време на излегувањето во град, по правило имаат повеќе масно ткиво околу стомакот. Утврдено е и дека љубителите на виното имаат помалку масно ткиво од оние кои преферираат други видови на алкохолни пијалоци. Се разбира, без оглед на тоа дали пиете вино или нешто друго, штом ја поминете границата од 1 чаша дневно, се губи благотворното дејство. калориите си се сепак калории, а вишокот ќе се наталожи, погодувате каде?

Обликуваниот стомак бара вежбање. На маснотиите околу стомакот, можете да влијаете со било која вежба. Финтата е да при било какво движење ги вклучите и стомачните мускули. На пример - пробајте да направите неколку вежби за бицепсите, а притоа да не ги користите стомачните мускули. Потоа, пробајте ги истите вежби стегајќи ги и стомачните мускули. Ја чувствувате разликата?
Калориите и мастите побргу ќе ги согорите со брзи и интензивни вежби кои се мешавина од кардио-вежби на подвижна лента и вежби за мускули. Кардио-вежбите ги согоруваат мастите по целото тело, а вежбите за мускули ги обликуваат одредените групи на мускули и го убрзуваат метаболизмот, притоа согорувајќи ги маснотиите и додека телото не е во движење.

Војна за динго


Австралиско диво куче динго сликано меѓу гранитни карпи во близина на Националниот парк Намадги, јужно од Канбера. Кучињата динго се мешавина од куче и волк и се последна останка од предците на денешните азиски кучиња.
Нивното место во австралискиот фолклор беше осигурано со сензационалното убиство во 1980-тите години на женското бебе Азарија Чемберлејн чии родители рекоа дека таа била грабната од динго. Денеска се води нова војна поради опстанокот на ова диво животно во која сопствениците на пресушените фарми се борат со еколозите. Се одредуваат "воени зони" за да се заштитат стадата со овци од најголемиот предатор во Австралија.