Urban Fashion Studio Majski Cvet

Urban Fashion Studio Majski Cvet e frizernica koja nudi najdobri uslugi za vasata kosa! Potstrizuvanje, satiranja....nadgradbi na kosi...se sto posakuva eden tinedjer i tinedjerka za svojata kosa ! Najdobar izbor za polumaturantite e ovaa frizernica! Cenite se povolni i odgovaraat za site! Se naodja na gratskiot pazar na kat vo Tetovo!
URBAN FASHION STUDIO MAJSKI CVET!!!

Friday, April 27, 2007

Интересни факти за Ајнштајн


Мислите дека го знаете Алберт Ајнштајн, генијот кој ни ја понуди теоријата на релативитет (всушност две теории, една специјална и една генерална теорија на релативитет), но дали знаете дека бил роден со толку голема глава што мајка му помислила дека има деформација? Или пак дека имал дете уште пред да се венча?


Еве неколку непознати факти за светски познатиот гениј:

Ајнштајн бил дебело бебе со голема глава

Кога неговата мајка Pauline Einstein го родила, мислела дека неговата глава е деформирана бидејќи таа била екстремно голема. Задниот дел од главата му бил многу голем, а неговото семејство тоа го сметало за монструозитет. Лекарот успеал да ги смири, и по неколку недели формата на главата се нормализирала.

Кога баба му првпат го видела, запишано е дека постојано мрморела "премногу е дебел, премногу е дебел!". Сепак, Алберт пораснал и се развил нормално.


Ајнштајн имал проблеми со говорот додека бил мал

Додека бил дете, Ајнштајн ретко зборувал. А кога зборувал - тоа го правел многу бавно. Осмислувал цели реченици во главата пред да ги каже. Според некои записи, тој го правел ова до деветгодишна возраст.

Неговите родители се плашеле дека е ретардиран, но нивниот став немал никаква поткрепа.


Ајнштајн бил инспириран од компас!

На петгодишна возраст, додека бил болен, татко му му покажал нешто што му побудило интерес за науката - компас.
Тоа што го заинтригирало Ајнштајн бил фактот што без разлика каде бил насочен компасот, иглата покажувала во иста насока. Помислил дека мора да има некоја сила во она што се претпоставувало дека е празен простор што делувал врз компасот. Овој инцидент, вообичаен во повеќе периоди на детство на познатите, бил често споменуван во различни статии откако станал славен.


Ајнштајн не го положил испитот за прием на факултет

Во 1895, на седумнаесетгодишна возраст, Алберт аплицирал на Eidgenössische Technische Hochschule. Го положил делот по математика и наука на приемниот испит, но паднал по се останато (историја, јазици, географија итн). Морал да оди во училиште за трговија, се додека не го положил испитот на ETH и не бил примен една година подоцна.


Ајнштајн имал вонбрачно дете

Во 1980-тите години, писмата на Ајнштајн открија нова интересна информација за генијот - тој имал вонбрачна ќерка со поранешна колешка студентка Милева Мариќ (со која подоцна се венчал).

Во 1902, Милева ја родила Lieserl, која никогаш не се запознала со татко и, и чија судбина и денес е непозната:

Милева родила ќерка во домот на нејзините родители во Нови Сад. Ова се случило при крајот на јануари 1902 година, додека Ајнштајн престојувал во Берн. Од писмата може да се заклучи дека породувањето било тешко. Девојчето веројатно било крстено. Нејзиното официјално име не е познато. Во неговите писма се среќава само името Lieserl.

Во едно писмо од Ајнштајн до Милева пратено на 19-ти септември 1903, името Lieserl е спомнато за последен пат.
Оттогаш никој не знае ништо за неа.

Ајнштајн имал чуден "договор" со сопругата

По венчавката со Милева, Ајнштајн добил два сина: Ханс Алберт и Едвард. Неговиот академски успех и зачестените патувања имале последици - тој се отуѓил од својата сопруга. Двојката се обидела да ги реши своите проблеми, а тој предложил еден чуден договор за заедничкиот живот со Милева:

А) Ќе се погрижиш:

1. алиштата и вешот да бидат уредни и во најдобар ред.
2. да добивам три оброци дневно во мојата соба.
3. мојата спална и работна соба да се секогаш уредни, а посебно работната маса да биде достапна само за моја употреба.

Б) Ќе се откажеш од лична врска со мене доколку истата не е потребна од општествени причини.

Има и уште, како на пример "Ќе престанеш да ми се обраќаш кога ќе го побарам тоа" и слично. И бидејќи Ајнштајн бил гениј, Милева се согласила со сите наведени услови :)

Ајнштајн не се согласувал со неговиот постар син

По разводот, односот со неговиот син Ханс Алберт се заладил. Ханс го обвинувал татко му дека ја напуштил Милева, а откако Ајнштајн ја освоил Нобеловата награда и пари, му пререкувал дека не ја финансирал доволно.

Караницата помеѓу таткото и синот се зголемила кога Ајнштајн строго се противел Ханс да се ожени со Frieda Knecht.
Подоцна, Ханс Алберт имигрирал во САД каде што станал професор по хидрауличен инженеринг на универзитетот Беркли. Кога Ајнштајн починал, му оставил многу мало наследство на својот син.


Ајнштајн бил "женкар"

Откако се развел со Милева, Ајнштајн набргу се оженил со неговата братучетка, Elsa Lowenthal. Всуштност, тој исто така размислувал да се ожени со нејзината ќерка Ilse.

За разлика од Милева, главната преокупација на Elsa била да се грижи за нејзиниот познат маж. Таа несомнено знаела за неговите неверства и безбројните љубовни афери, кои подоцна беа откирени во дел од неговите писма. Во дел од писмата е опишано дека тој ја изневерувал Elsa со неговата секретарка Betty Neumann.

Некои од женските имиња спомнати во неговите писма се Estella, Ethel, Toni, и неговата "руска шпионска" љубов Margarita.


Дали Ајнштајн бил во право?


На 14 април од Uniersitet vo Stanford (САД) стигнаа првите официјални информации за експериментот што беше неодамна изведен за да се проверат два ефекта од Ајнштајновата општа теорија на релативност.

Уште во 1959 година станфордскиот професор Леонард Шиф го предложил следниот експеримент. Да се прати сателит околу Земјата со еден или повеќе жироскопи (сферни тела кои ротираат околу својата оска исто како што и нашата планета има своја оска на ротација). Сателитот да има телескоп кој цело време ќе биде вперен кон избрана ѕвезда (во експериментот тоа е ѕвездата Им Пегаси) и во тек на една година ќе го мери скршнувањето на оската на ротација во однос на правецот во кој се наоѓа избраната ѕвезда. Според Њутновата теорија на гравитација, оската на ротација на секој од жироскопите треба да има константна насока во однос на далечните ѕвезди, но според Ајнштајновата теорија се јавуваат два мали ефекта кои предизвикуваат отстапување од правецот на избраната ѕвезда. Се зема жироскопите да ротираат така што овие два ефекта се мерат независно во две различни рамнини.

Првиот ефект е геодетска прецесија, кој треба да покаже ротација на оската на жироскопот од околу 0,0018 лачни степени. Во овој ефект клучна улога играат брзината на жироскопот околу Земјата како и земјината привлечна сила врз жироскопот. Вториот ефект е 170 пати помал и според Ајнштајновата теорија треба се регистрира отстапување на правецот во однос на избраната ѕвезда од околу 0.000011 лачни степени. Главната причина за појавата на овој ефект е ротацијата на Земјата (околу својата оска).

Се работи за исклучителен експеримент во кој првпат се мерат агли на скршнување на еден жироскоп. Подготовките за овој необичен експеримент на Универзитетот во Станфорд во соработка со НАСА траеле повеќе од четири децении. Било неопходно да се развијат десетина нови технологии. Изработени се 92 докторски дисертации од кои 79 на Универзитетот во Станфорд, а самиот проект до денес чини 750 милиони долари. На 20 април 2004 година, по завршувањето на сите подготовки за експериментот, лансиран е сателит со 4 жироскопи. По собирањето на податоци подолго од една година и по 18- месечна анализа на податоците, деновиве беа соопштени првите официјални резултати. Првиот ефект (геодетска прецесија) е потврден со отстапување помало од 1 отсто, а за вториот ефект (frame dragging), грешката при мерењето е 0,000014 лачни степени и е поголема од очекуваната вредност 0,000011 лачни степени, па засега не може да се каже ништо за експерименталната верификација на овој ефект. Причината за така неочекуваната голема грешка при мерењето е од технички карактер, така што се јавуваат феномени, кои откако добро ќе се моделираат, треба да се одземат од мерните вредности и потоа да се види дали очекувањата ќе бидат исполнети.

Експертите од Универзитетот во Станфорд веруваат дека до декември годинава грешката при мерењето ќе биде 10 пати помала и тогаш ќе може дефинитивно да се види дали frame dragging” ефектот ќе соодветствува на теоријата или не. Геодетската прецесија е неодамна потврдена со мерењата што се вршат преку движењето на Месечината и тоа со отстапување исто така помало од 1 отсто, но помалиот ефект (frame dragging) е вистински предизвик за научниците, бидејќи никогаш претходно директно не е мерен како сега. Во декември ќе дознаеме дали Ајнштајн бил во право. Ненадејно големо отстапување од очекуваните вредности може да ја стави под прашалник и валидноста на Ајнштајновата теорија. Сите досегашни експерименти изведени во Сончевиот систем главно добро се сложуваат со Општата теорија на релативноста, но не и сите експерименти надвор од Сончевиот систем. На пример мерните податоци за некои од бинарните пулсари добро се согласуваат со теоријата, а за некои се наоѓаат на граница на согласување. Современите набљудувања во космологијата исто така не се согласуваат најдобро со теоријата. Секако, треба да се прави разлика помеѓу општата релативност и специјалната релативност. За Специјалната теорија на релативноста нема сомнение во нејзината валидност.

Слики од новиот сончев систем



Нов сончев систем? Контроверзни нови предлози на Интернационалната Астрономска Заедница ќе рекласифицираат астероид и една месечина како планети, плус уште еден многу одалечен објект.
Првиот астероид Церес е откриен во 1801 година. Тој има дијаметар од 933 километри, што претставува една петтина од дијаметарот на Меркур. Новата дефиниција би го повратила неговиот статус на планета. ИАЗ сугерира тој да се нарекува планета-џуџе. По ова истражување, уште неколку астероиди можат да бидат рекласифицирани со што би добиле поинаков вселенски статус.
Долгогодишната месечина на Плутон, Шарон е најголемата месечина во соларниот систем.
Објектот 2003 UB313 или популарно наречен Ксена, евентуално ќе добие и друго формално име. Според новата дефиниција, тој ќе стане најодалечената планета од нашиот соларен систем. Има ширина од околу 2398 километри, што грубо би значело површина колку Плутон.

Топ 10 факти што не сте ги знаеле за Алберт Ајнштајн



1. Сакал да биде босоног

"Кога бев мал, открив дека палецот секогаш прави дупка на чорапата" - еднаш имаше изјавено. "Затоа престанав да носам чорапи". Ајнштајн исто така одбивал да биде облечен пристојно пред било кого!

2. Мразел игри со зборови

Освен неговиот омилен спорт, едрењето ("спортот кој бара најмалку енергија"), Ајнштајн слабо стоел со каква било рекреациона активност која барала ментално напрегање. Како што изјавил во една пригода за New York Times, "Кога ќе завршам со работата, не сакам ништо што бара работа на мозокот"

3. Многу тешко спелувал

Иако живеел многу години во САД и комплетно го владеел јазикот, Ајнштајн тврдел дека никогаш нема да научи да пишува aнглиски. Никогаш не го изгубил својот препознатлив германски акцент, но и својата омилена фраза "I vill a little t'ink"

4. Не можел да смисли научна-фантастика

Сметал дека фантастиката може да даде погрешно научно разбирање на работите и советувал комплетна апстиненција од било каква научна фантастика. "Никогаш не мислам на иднината. Доволно брзо доаѓа". Исто така велел дека сите оние што тврдат дека виделе летачки чинии се лажговци.

5. Претерано пушел

Како доживотен член на Монтреалскиот Клуб на пушачи на луле, Ајнштајн рекол: "Пушењето луле дава придонес на објективното гледање и судење на меѓучовечките односи". Во една прилика пропаднал во вода за време на некоја експедиција, но херојски успеал да го сочува своето луле.

6. Не бил добар музичар

Ајнштајн се одморал во својата кујна со неговата виолина, тврдоглаво обидувајќи се да импровизира некоја мелодија. Кога не му одело од рака со виолината, бил лут на Моцарт.

7. Не пиел

На прес конференцијата при неговото пристигнување во New York во 1930 година, во врска со прохибицијата има изјавено: "Јас не пијам така да за мене е исто дали е забрането или не". Многу пати има упатувано критики до "законите кои што не можат да се применат"

8. Ги поистоветувал монотонија со моногамија

"Сите бракови се опасни", има еднаш изјавено. "Бракот е неуспешен обид од некоја работа базирана на чиста случајност, да направите да трае". Бил многу неверен како сопруг.

9. Памтењето му било многу слабо

Верувајќи дека родендените се само за мали деца, неговото вистинско мислење за оваа работа се гледа од писмото кое го испратил до неговата девојка Милена Мариќ. "Моја драга.... прво, мои искрени честитки за твојот роденден вчера, што го заборавив уште еднаш"

10. Неговата мачка патела од депресија

Пријател на животните, Ајнштајн имал мачка што станувала депресивна секогаш кога ќе заврнело. Ernst Straus има изјавено дека во една пригода Ајнштајн и рекол на меланхоличната мачка. "Знам што е проблемот, драго пријателче, но навистина не знам како да го изгасам"

Thursday, April 26, 2007

Најскапиот филм на сите времиња


Најновото продолжение за авантурите на човекот пајак ќе биде најскапото филмско чудо на сите времиња, до толку скапо што дури и на продуцентите им е незгодно да зборат за бројките.

Spiderman 3 е најскапиот филм на сите времиња кој излегол од Холивуд. Судејќи според се, последната инкарнација на човекот пајак во оргиналната постава, продуцентите ги чинеше мрсни 500 милиони долари. Причината за енормната сума највеќе лежи во набилданата компјутерска графика, односно специјалните ефекти.

Упатените извори тврдат дека само трошоците за продукцијата го надминале износот од 350 милиони долари, бидејќи само еден ден снимање на улиците на Њујорк чинел милион долари.

Претходниот дел на Spiderman чинеше 210 милиони долари, а рекордот го држеше Titanic со 247 милиони долари трошоци.

Dете ја заглавило главата во капакот за тоалетна шолја


Противпожарната служба во Велика Британија помогнала во ситуација каде што дете ја заглавило главата во капакот за тоалетна шолја за деца.
Детето, кое имало две и пол години, и неговата мајка се појавиле во противпожарната служба во Бреинтри, Есекс каде што мајката објаснила дека детето ја протнало и заглавило главата низ малиот капак за тоалетна шолја на кој децата се вежбаат да одат во веце.
"Мајка му се обидела да го извади, но не можела и затоа двајцата дојдоа тука и побараа помош од нас. Ние без проблем го извадивме капакот", изјави еден пожарникар.
"Едноставно ставивме сјај за миење садови на неговата глава и лесно се лизна капакот од главата".
Пожарникарот исто така рече дека детето било многу храбро и било многу среќно откако му го извадиле капакот.

Хокинг ќе проба бестежинска состојба


Познатиот британски астрофизичар Стивен Хокинг ќе ја замени инвалидската количка за бестежинската состојба во вселенско патување. Хокинг (65), кој е речиси целосно парализиран од еден вид болест на нервите, ќе лебди во посебно адаптиран патнички авион што стимулира нулта гравитација.
Американската вселенска агенција НАСА од 1973 година користи сличен авион, "КЦ-135 стратотенкер", за обука на астронаути кои нагалено го викаат "комета за повраќање".
Летот на Хокинг ќе му ја овозможи фирмата за вселенски туризам и забава "Зиро гравити корпорејшн" од Форт Лодердејл, Флорида. Летот е закажан за денеска со полетување од вселенскиот центар "Кенеди" во Кејп Канаверал, Флорида.
"Г-форс уан", модифициран "боинг 727", ќе се движи со параболични маневри почнувајќи со нагло качување до околу 10 илјади метри по што ќе се спушти нагло на 2.600 метри височина. На почетокот од секое спуштање, патниците може да почувствуваат куси епизоди на речиси тотално бестежинска состојба што траат речиси 25 секунди.
Обично се изведуваат 15 кревања и спуштања. Лебдењето во кабината на леталото создава чувство што е најблизу до вселенската прошетка.
Кога авионот ќе се крене по секое спуштање, патникот чувствува гравитациона сила речиси двапати посилна од нормалната гравитација. Тим медицински асистенти ќе бидат на теренот за да ја проверуваат состојбата на Хокинг за време на летот.
Хокинг, авторот на бестселерот "Кратка историја на времето" изјави дека е многу возбуден за летот.
"Како некој што цел живот ја проучувал гравитацијата и црните дупки, многу сум возбуден што ќе може да ја почувствувам бестежинската состојба и присуството во нулта гравитација", изјави тој.