Urban Fashion Studio Majski Cvet

Urban Fashion Studio Majski Cvet e frizernica koja nudi najdobri uslugi za vasata kosa! Potstrizuvanje, satiranja....nadgradbi na kosi...se sto posakuva eden tinedjer i tinedjerka za svojata kosa ! Najdobar izbor za polumaturantite e ovaa frizernica! Cenite se povolni i odgovaraat za site! Se naodja na gratskiot pazar na kat vo Tetovo!
URBAN FASHION STUDIO MAJSKI CVET!!!

Wednesday, April 25, 2007

Liverpul po slava


Ливерпул по слава на
Тренерот на Ливерпул Рафа Бенитез им кажа на своите играчи да гледаат во иднината место да се враќаат на победата против Челзи во 2005 година, кога двата тима повторно ќе се сретнат во полуфиналето на Лигата на

Тренерот на Ливерпул Рафа Бенитез им кажа на своите играчи да гледаат во иднината место да се враќаат на победата против Челзи во 2005 година, кога двата тима повторно ќе се сретнат во полуфиналето на Лигата на шампионите. Оваа недела, пред две години, Ливерпул одигра 0:0 на "Стемфорд бриџ", за потоа да победи со 1:0 во реваншот на "Енфилд" со контроверзниот гол на Луис Гарсија по само четири минути игра.
Бенитез тогаш го виде својот тим како триумфира во финалето против Милан во Истанбул да го подигне победничкиот пехар по петти пат во нивната историја. Ако Ливерпул повторно го елиминира Челзи може да игра во финалето токму со Милан, а ако Италијанците бидат поуспешни од Манчестер јунајтед во другото полуфинале.
Сепак, Бенитез, преку клупскиот интернет сајт, порача дека неговиот тим мора да ја заборави 2005 година.
- Тоа е историја, тоа е завршено. Историјата меѓу двата клуба што ќе се создава во следните две средби е многу поважна од она што се случи во минатото - кажа шпанскиот стратег
Тој, исто така, рече дека неговиот тим ќе оди да постигне гол на "Стемфорд бриџ", но истовремено призна дека не очекува многу погодоци на средбата.
- Тие имаат многу добра одбрана и примаат многу помалку голови од нас. Сепак, 0:0 на гости не мора да значи дека е добар резултат. Ние постигнавме голови во Барселона и нашата идеја е да ја најдеме мрежата на "Стемфорд бриџ" и се надевам дека ќе победиме - додаде Бенитез.
Ливерпул патува за Лондон по рутинската победа од 2:0 против Виган во Премиерлигата и Бенитез го има на располагање комплетниот состав.
За разлика од него, тренерот на Челзи Жозе Мурињо има неколку грижи. Играчот од средниот ред Михаел Есјен е суспендиран, додека дефанзивецот Рикардо Карваљо и Михаел Балак од средниот ред се неизвесни поради повреда. Балак беше предвреме заменет поради повреда на средбата со Њукасл во неделата.
Без Есјен и веројатно без Карваљо, врз Џон Тери ќе падне многу поголема одговорност во одбраната. Мурињо, исто така, ќе биде без холандското крило Арјен Робен (колено), но на располагање ги има другите двајца крилни играчи, Шон-Рајт Филипс, кој игра во најдобра форма по доаѓањето во клубот во 2005 година, и Џо Кол, кому секогаш му оди добро против Ливерпул. Сепак, Португалецот ќе внимава да не прими гол на домашен терен и, најверојатно, еден од нив ќе остане на клупата. Затоа, пак, Мурињо ќе го искористи силното присуство на Нигериецот Џон Оби Микел да го неутрализира движењето на Ливерпул во средниот ред.
Челзи, зафатен во својата кампања да освои рекордни четири трофеи сезонава, изгледаше уморно во неделата, кога одигра без голови кјај Њукасл.
На Ливерпул му остана само Лигата на шампионите и ќе биде посвежиот тим денеска. Згора на тоа, "црвените" добија три од последните четири меча со "сините", вклучувајќи го и англискиот Суперкуп на почетокот на сезоната.
Денешниот натпревар ќе биде 14. пат двата тима да се сретнат во последните три сезони. Челзи има шест победи, Ливерпул четири и три натпревари завршија без победник.

No comments: