Urban Fashion Studio Majski Cvet

Urban Fashion Studio Majski Cvet e frizernica koja nudi najdobri uslugi za vasata kosa! Potstrizuvanje, satiranja....nadgradbi na kosi...se sto posakuva eden tinedjer i tinedjerka za svojata kosa ! Najdobar izbor za polumaturantite e ovaa frizernica! Cenite se povolni i odgovaraat za site! Se naodja na gratskiot pazar na kat vo Tetovo!
URBAN FASHION STUDIO MAJSKI CVET!!!

Thursday, April 26, 2007

Најглупавите модни трендови


Кога станува збор за трендови и мода, секоја генерација има свои добри, но и не толку добри моменти. Нормално, по некое време ќе сфатиме дека нешто што сме го носеле изгледало катастрофално, па во својата потсвест пробуваме да го најдеме одговорот на прашањето "Како тоа можело да му се допаѓа на некого"?

Еве го прегледот на некои од најголемите трендовски злосторства.


Бекамка
Оваа фризура наречена по нејзиниот славен творец Дејвид Бекам, сеуште во полн сјај владее низ светот со тинејџерските глави. Тинејџерите од Лондон, Париз, Капиштец, Битпазар и Конопиште, па се до Љубљана и Пекинг, можат само да се надеваат дека Бекам наскоро ќе смисли нешто друго подеднакво атрактивно, па така популарната "Бекамка" ќе ја фрли во втор план. Било какво освежување добро би ни дошло.

Налепници за автомобил
Флека во боја, пламен кој возилото го претвора во ѓаволско и непобедливо, или можеби посуптилната варијанта - рака која штрчи од затворениот багажник, како и налепница за резервоарот со демек метални нитни. Ова е тренд кој за среќа е во своето заоѓање.

Искинати фармерки
Ни ги носеа тетките од Турција и Италија, пазарите беа преполни со нив, а дури и кога беа на врвот на својата популарност, претставуваа апсолутно олицетворение на невкусот и екстремната модна неосвестеност. Хоророт кој никогаш повеќе не смее да се повтори. Ако на некој глуп дизајнер повторно му прдне да ги врати во мода, сите едногласно мора да се спротиставиме.

Фото тапети
Океј, признаваме, беше малку потопло во нив. На секој дом му ја даваа онаа мала и нужна доза на кич, кој го спасуваше од безличност и стерилност. Денес, нивната изработка и примена е далеку поразвиена, уметноста во меѓувреме напредуваше, но ефтините слики од море, сонце, палми и цветни ливади се вбројуваат во оние глупости на кои нема потреба да се навраќате.

Натапирана коса
Ех, да, и тоа беше забавно. И помалку болно. Во педесеттите и шеесеттите, сите жени имаа потреба да го зголемат волуменот на своите женствени и мали главички. Во деведесеттите, се тапираше само еден дел од косата - шишките.

Чешел во џеб
И додека припадничките на понежниот пол се тапираа, нивните дечковци беа странично залижани, и тоа во строго контролирана насока. Ихаа, во тоа време беше невидено секси кога со цигара во уста некој ќе го извадеше чешелот од џеб и фраерски ќе се залижеше.

Врвка за наочари
Функционална колку и чешелот, ама ни приближно толку кул. Во еден период беше исклучиво моден додаток и тоа беа неславни денови за врвката. Доаѓаше во сите бои, а масовно се комбинираше со тогаш популарните мачкести наочари, што заедно правеше доста бизарен спој. Се веруваше дека го оплеменува и изгледот на децата кои беа приморани во раната возраст да почнат да носат диоптриски наочари.

No comments: