Стручњаците од Американската Академија за Алергии, астма и имунологија објавија совети кои би требало да им помогнат на алергичните луѓе. Според нив, погрешно е верувањето дека при лекување на алергиите можат да помогнат лекови против настинки.
Исто така, уредите за прочистување на воздухот имаат ограничени можност , тие можат да ги отстранат само влакната од животни, но не и поленот.
Стручњаците предупредуваат и на тоа дека една третина од луѓето кои страдаат од сезонски алергии можат да ги влошат своите симптоми ако конзумираат одредени продукти во сезоната на алергиите.
На пример: кај личноста која е алергична на полен може да дојде до реакција и од протеините кои ги има во јаболката, круши, праски и бадеми. Исто така, луѓето кои се алергични на полен би требало да се тушираат секогаш пред легнување во кревет, бидејќи на тој начин ќе се спречи ширењето на алергијата во креветот и на постелината.
Стручњаците ги советуваат личностите алергични на полен да носат очила за сонце бидејќи на тој начин ќе се спречи влегување на поленот во очите. Имајте на ум дека јачината на алергијата е највисока во утринските часови.
No comments:
Post a Comment