Urban Fashion Studio Majski Cvet

Urban Fashion Studio Majski Cvet e frizernica koja nudi najdobri uslugi za vasata kosa! Potstrizuvanje, satiranja....nadgradbi na kosi...se sto posakuva eden tinedjer i tinedjerka za svojata kosa ! Najdobar izbor za polumaturantite e ovaa frizernica! Cenite se povolni i odgovaraat za site! Se naodja na gratskiot pazar na kat vo Tetovo!
URBAN FASHION STUDIO MAJSKI CVET!!!

Thursday, April 26, 2007

Научни предвидувања за 2007


Дали неандерталците ни се роднини или не, како ќе се реши контроверзното прашање за примената на матичните клетки, дали ќе се пронајде вакцина за Алцхајмеровата болест, како и лек за карциномот? Сите овие прашања се поврзани со проблеми со кои човештвото и науката се соочуваат изминатите и продолжуваат да се соочуваат во оваа година.

Годината позади нас ја одбележаа важни достигнувања на полето на науката. Ниедна нејзина дисциплина не стагнираше, медиумите беа полни со научни полемики, а доколку се суди според најавите од научните кругови, годината која е пред нас ќе биде уште поамбициозна, покреативна и поефикасна.

Ќе се продолжи со истражувањето на можните врски помеѓу хомо сапиенсот и неговиот неандерталски предок, прехрамбената индустрија ќе го поттикне производството на органска храна, и ќе се стави акцент на здравиот начин на слабеење.

Науката "ќе се фати за врат" со болестите на модерното време - депресијата и стресот, а се планира и изградба на гигантски микроскоп кој ќе го унапреди истражувањето на структурата на молекулот, посебно на оние кои предизвикуваат тешки заболувања како Паркинсоновата болест, остеопороза и слични.

Исто така се очекува се помала употреба на иглата, што е посебно важно за неразвиените земји во кои нехигиенската употреба на медицинскиот материјал е еден од главните причинители на заразните заболувања - пред се на сидата.

На пат е и вакцина за се пораширената Алцхајмеровата болест. И покрај неуспехот од пред 5 години, кога вакцината се покажа погубна за мозочната активност, научниците не се предадоа и не кренаа раце од нејзиниот развој, па презентацијата на нивната работа се очекува токму во 2007 година.

Науката од ден на ден пробува да ја победи и тешката болест на карциномот. Последните методи на лечење вклучуваат и користење на карактеристиките на железото, иако првите практични обиди во неговата примена се очекуваат дури во оваа година.

Многу истражувања ќе бидат посветени и на среброто. Иако е познато неговото антибактериско дејство веќе илјадници години, досега не најде на адекватна примена во здравството, па оваа година се очекува нагласена примена во третирањето на бактериските заболувања.

Истражувањето на мозокот, најмистичниот и најтаинствениот орган на човекот, во 2007 ќе продолжи со засилено темпо. На мозочните механизми ќе им се приоѓа од различни аспекти, и ќе се продолжи со истражувањата за памтењето, способноста за предвидување на иднината, ќе се бараат причините кои не тераат на одредени постапки, кои предизвикуваат одредени емоционални состојби и ги усмеруваат нашето однесување и интеракцијата со луѓето.

Но, нема да се запостави ни профитабилната страна на приказната за мозокот, па така ќе се продолжи со испитувањата од кои највеќе ќар ќе има огласувачката индустрија, а која ќе проба да дешифрира на кои рекламни дразби најдобро и најинтензивно реагираме. Или, со други зборови, не чека ново и напредно перење на мозокот.

2 comments:

Anonymous said...

Всем привет.Недавно была на консультации у офтальмолога .После осмотра врач сказал,что родить мне итолько с помощью кесарева,если рожу сама - ослепну,зрение - 15...Порышись в интернете и на форумах встретила много негавтива в адрес тех кто так рожал,мол,и малыш больной и связи нет с матерью и вообще кто сам не родил не дама,раз не прошла через все муки.Неужели все так дурно?Никогда об этом не задумывалась,но разве это так позорно?

[url=http://2nt.ru/go/serial.php]Вообще любой сериал и особенно новинки я качаю тут [/url]
[url=http://2nt.ru/go/teets.php]Молодежное видео тут[/url]

Anonymous said...

Прикольно :) Можно сказать, это взорвало мой мозг! :)