Urban Fashion Studio Majski Cvet

Urban Fashion Studio Majski Cvet e frizernica koja nudi najdobri uslugi za vasata kosa! Potstrizuvanje, satiranja....nadgradbi na kosi...se sto posakuva eden tinedjer i tinedjerka za svojata kosa ! Najdobar izbor za polumaturantite e ovaa frizernica! Cenite se povolni i odgovaraat za site! Se naodja na gratskiot pazar na kat vo Tetovo!
URBAN FASHION STUDIO MAJSKI CVET!!!

Friday, April 27, 2007

Како да се уништи Земјата?




Да се уништи Земјата е многу потешко отколку што повеќето од вас си замислуваат. Ве фаќа серка од акционите филмови каде што лошите момци и се закануваат на Земјата? Будали...

Земјата е "конструирана" да опстои. Стара е 4.550.000.000 години, тешка 5.973.600.000.000.000.000.000 тони и има кркано повеќе удари од астероиди отколку што вие сте имале оброци за вечера. Затоа, првиот совет до потенцијалниот г-дин Уништувач на Земјата би ми бил: "Немој ни да помислуваш дека ова ќе биде лесно"!

Доколку тотален човечки геноцид е твојата цел, тогаш читаш погрешна статија. Има многу поефикасни начини за тоа. Ова е само компарација.

Можни начини:

1. Разнесена од акција материја/антиматерија

- Потребно: 1.300.000.000.000 тони антиматерија

Антиматерија - најескплозивната експлозивна супстанција. Може да биде произведена во мали количества употребувајќи акцелератори за честички, но ќе ви биде потребно прилично долго време изразено во светлосни години, се разбира доколку сте во можност да ја произведете потребната машинерија.

- Метода: активирање на бомба направена од антиматерија, доволно голема (1.300.000.000.000 тони) за да ја разнесе Земјата на парчиња. Сите експлозиви кои што досега човештвото ги има создадено, нуклеарни или не - собрани заедно и детонирани во исто време би направиле огромен кратер и би го уништиле екосистемот, но само би ја "гребнале" површината на планетата. Да не го спомнувам проблемот со гравитацијата која ќе ве заебе. Ако сте ја разнеле Земјата, незначи дека сте ја разнеле засекогаш. Доколку не ја разнесете доволно силно, деловите ќе паднат повторно назад поради взаемното гравитационо привлекување, па Земјата би се составила повторно исто како Терминаторот од течен метал. Ќе мора да ја разнесете доволно силно за да ги надминете гравитационите сили.

Колку е тешко тоа? Доколку направите "лесни пресметки" користејќи податоци од NASA и Wikipedia и штракајќи ги формулите на Google Calculator ќе откриете дека би морале да ослободите толку многу енергија за уништувањето да биде успешно од околу 1.246.400.000.000 тони антиматерија и тоа под претпоставка од нулта загуба на топлина и радиација. кое што пак е невозможно во реалноста.

2. Земјата да биде вшмукана од џиновска црна дупка

- Потребно: џиновска црна дупка, екстремно моќни ракетни мотори и по можност доволно голема ракета колку Земјата. Најблиската црна дупка од нашата планета е на растојание од 1600 светлосни години во насока на соѕвездието "Стрелец".

- Метода: по лоцирањето на црната дупка, треба да ја пикнеш Земјата во неа. Ова е најтешкиот дел од планот. Има две опции: да ја поместиш Земјата до црната дупка или пак да ја донесеш црната дупка до Земјата.

Опции за поместување на Земјата:

а) "Дајте ми место да застанам и ќе ја помрднам Земјата", има изјавено Архимед откривајќи ги принципите на лостот. За несреќа, тоа место мора да биде непоместливо, што е невозможно. Исто така би му требало и место каде што ќе го потпре лостот кое би требало да биде бескрајно статично и лост со запрепастувачка цврстина кој е нескршлив. Хаха! Добар обид Архимед.

б) Електромагнетно влијание - мало морген! Земјата во целина е неутрална бидејќи има полнеж кој е еднаков на нула. Но, што доколку не би имала? Доколку би постоел начин да се наполни Земјата со електрично полнење, тогаш би можеле да ги користиме магнетните полиња за да ја "возиме" планетата во било кој посакан правец. Можеби би можеле да конструираме цилиндар со намотка околу неа (калем) и да ја мрдаме со помош на Лоренцовите сили.

Знам што си мислите. Невозможно.

в) да скокаме сите заедно во исто време!
Океј народе, ајде да ја видиме оваа идеја. Да претпоставиме дека сите на планетава тежат во просек по 100 килограми (што е преценувачки, 70 килограми е вистинската бројка земајќи ги во предвид децата и "крупните" Кинези), да земеме во предвид дека би скокнале 10 милијарди луѓе (а во моментов има 6.4), да претпоставиме дека сите тие би скокнале 10 метри во воздух (големо преценување), да претпоставиме дека сите би биле на исто место во моментот на скокот, и на крај да земеме дека толку прецизно скокнале во исто време (што се разбира е невозможно). Се на се тоа би била човечка тежина од една милијарда тони кои скокаат 10 метри во воздух, нели?

Е вака сега. Земјата има маса од 1021 тони. Тоа е трилион пати поголема маса од целото човештво, што би значело дека растојанието на кое што би се помрднала Земјата кога сите би скокнале би било еднакво на трилионити дел од растојанието кое што сите луѓе го скокнале, односно 10-11 метри, или со зборови да ви го доловам - околу половина од радиусот на атомот на водородот. Прилично малку а?


3. Проголтана од сонцето кога ќе навлезе во џиновската црвена фаза

- Потребно: трпение

- Метода: едноставно почекај околу 5.000.000.000 години. Низ неговиот природен процес, Сонцето ќе ги испушти сите резерви на хидрогенско гориво и ќе се рашири во црвена џиновска ѕвезда проголтувајќи ги Меркур, Венера, Земјата и Марс.

Повторно имаме проблем. Новите теории велат дека Земјата и тука би преживеала поради зголемувачкиот соларен ветер кој би настанал, комбиниран со намалувачката маса на Сонцето кој би ја "оддувал" Земјата во поладна, но побезбедна орбита.


4. Уништена од Господ

- Потребно: Господ

- Метода: далеку од тоа дека сакам да давам претпоставки дали постои или не, но доколку постои и е семоќен, прашањето е како да го убедиме да го направи ова. Доколку се намерачи да ги збрише грешниците кои се накотиле, сигурно полесно би му било да го збрише целото човештво. Планетата не би ја уништил.

Бидејќи немаме технологија потребна за да се уништи планетата, незначи дека никој во универзумот не ја поседува. Едноставно, да ги насочиме нашите најмоќни радио телескопски предаватели во различни сончеви системи и да почнеме да ги реметиме: "Еј, пички од вашиот соларен систем, никогаш не би можеле да уништите волку кул планета"!

No comments: