Urban Fashion Studio Majski Cvet

Urban Fashion Studio Majski Cvet e frizernica koja nudi najdobri uslugi za vasata kosa! Potstrizuvanje, satiranja....nadgradbi na kosi...se sto posakuva eden tinedjer i tinedjerka za svojata kosa ! Najdobar izbor za polumaturantite e ovaa frizernica! Cenite se povolni i odgovaraat za site! Se naodja na gratskiot pazar na kat vo Tetovo!
URBAN FASHION STUDIO MAJSKI CVET!!!

Thursday, April 26, 2007

Што ако нападнат вонземјани?


Кога вонземјаните ќе ја нападнат Земјата, можеби ќе зажалите што не сте ги послушале Тревис Тејлор и Боб Боан. И ако инвазијата се одвива според еден типичен холивудски блокбастер, тие најверојатно ќе бидат јунаците кои ќе бидат повикани во последен момент да со спасат светот. Сепак, тие го напишаа "Воведот кон планетарната одбрана", водич за тоа како луѓето да се одбранат во случај на нашиот космички праг да ни се појават мали зелени кои убиваат со ласерски зраци. И многу се сериозни.
"Веројатноста е дек
а постојат вонземјани и дека се доволно напредни да имаат технологија што може да им овозможи да стасаат дотука", изјави Тејлор во едно интервју. Тејлор и Боан не се параноици кои живеат во бункери, не носат капи од алуминиумска фолија и не се опседнати до Областа 51. Тејлор има дипломирано астрологија и физика и работи во консултантската фирма "Буз Ален Хамилтон". Тој и Боан работеле како консултанти за Министерството за одбрана и американската вселенска агенција НАСА.
Нивните ставови привлекоа малку внимание надвор од конвенциите за научна фантастика, а нивната книга ја објави "Браун Вокер прес", која е специјализирана за издавањето на теми на фантастиката и книги со наслови како "Науката и познавањето на растителните клетки" и "ЕСП и психокинеза". Тејлор признава дека инвазијата од вонземјани не е секојдневна тема, но е наивно да се претпостави, како што правеа научниците како покојниот Карл Саган, дека било кои битија што напреднале доволно за да патуваат низ галаксиите еволуирале доволно за да не бидат воинствени.
"Тоа е прекрасна идеа што нема основа во реалноста", вели Тејлор. Тејлор и Боан, заедно со коавторите Р.К. Андинг и Т. Конли Пауел, обрнуваат внимание на две проблематики што постојано
се појавуваат во дебатата дали човекот е сам во универзумот: Дрејковата равенка и Парадоксот на Ферми.
Формулата што ја изготвил американскиот астроном Френк Дрејк во 1960 година се обидува да процени колкава е веројатноста за контакт со вознемска цивилизација земајќи ги предвид факторите како што е бројот на планети на кои има услови за живот.
Тејлор и Боан ги зеле предвид проценките за кои велат дека се конзервативни, како тоа дека вонземјаните не може да патуваат побрзо од 10 отсто од брзината на светлината.
Откако направиле пресметка, тие велат дека е можно во Млечниот пат да има илјадници интелигентни вонземјани и дека постои "голема веројатност" еден или два вида да ја посетуваат Земјата секој век.
Но ако има толку многу вонземјани, зошто досега н
е контактирале со нас?
Ова е прашањето што го поставил физичарот Енрико Ферми во 1950 година за да ги отфрли шпекулациите на неговите колеги дека интелигентниот живот би требал да биде вообичаен. Тејлор и Боан се убедени дека Ферми грешел. Дури и ако вонземјаните би користеле божествена технологија за да минат низ илјадници светлосни години во еден ден, би им биле потребни уште милиони години да ги пр
оучат сите sвездени системи во галаксијата. Тие едноставно уште не наминале во нашиот крај.

No comments: