Urban Fashion Studio Majski Cvet

Urban Fashion Studio Majski Cvet e frizernica koja nudi najdobri uslugi za vasata kosa! Potstrizuvanje, satiranja....nadgradbi na kosi...se sto posakuva eden tinedjer i tinedjerka za svojata kosa ! Najdobar izbor za polumaturantite e ovaa frizernica! Cenite se povolni i odgovaraat za site! Se naodja na gratskiot pazar na kat vo Tetovo!
URBAN FASHION STUDIO MAJSKI CVET!!!

Thursday, April 26, 2007

Пролет - време е за алергии


Кивање, кашлање, отежнето дишење, пецкање, чешање и солзење на очите - се досадните сипмтоми кои на многумина им оневозможуваат нормален секојдневен живот. Се поголем е бројот на луѓето кои се борат со сезонските алергии.

Понекогаш се случува човекот да ја изгуби битката, па тогаш, симптомите на алергија постепено се развиваат во симптоми на астма. Затоа, како стратегија за борба се почесто се препорачува превенцијата, а како надополнување на арсеналот на средства кои се користат во борба против алергиите и астмата, се предлагаат и некои намирници.

Надежта е во овошјето и зеленчукот, рибата, млекото и зелениот чај, а еве и зошто.

Со анализата на прехрамбените навики на преку 20.000 деца од европските земји, забележено е дека постои многу поголема појава на кашлање и кивање кај децата кои конзумираат риба еднаш неделно или поретко, во однос на децата кои почесто јадат риба. Се верува дека за заштитното дејство заслужни се омега 3 масните киселини кои имаат противвоспалително дејство.

Исто така, анализата покажува дека опасноста од астма се смалува за 16-17%, доколку во поголеми количини се конзумираат јаболка, круши и зелено овошје. Заштитното дејство на овошјето се манифестира преку синергиското делување на антиоксидантите (витамин Ц, селен) и прехрамбените влакна кои се борат против оксидативните оштетувања, бактериите и вирусите, па заеднички учествуваат во детоксикацијата на организмот и стимулацијата на имунолошкиот систем.

Понатаму, се покажало дека личностите кои конзумираат барем една лажица полномасно млеко дневно, помалку се изложени на ризикот од астма отколку оние кои конзумираат преработено млеко.

Кога е чајот во прашање, научните студии се почесто ги потврдуваат традиционалните верувања на луѓето за неговото дејство. Со години, луѓето пиеле чај за да го запрат кивањето, настинките, солзењето на очите, односно симптомите кои се карактеристични и за настинките, како и за алергиите. Резултатите покажуваат дека редовното конзумирање зелен чај, може да им донесе олеснување на лицата кои ги мачат различни алергии. Во Јапонија, истражувачите во лабараториски услови успеале да ја идентификуваат состојката во зелениот чај, која го блокира клучниот рецептор на клетките кој е вклучен во создавање на алергиска реакција.

No comments: