Thursday, April 26, 2007
Оп астероид!
Астероидот 2007 HA пролетува покрај Земјата, односно поминува на одалеченост од околу 2,5 милиони километри. Овој сјаен објект е откриен случајно пред неколку дена, а може да се гледа со аматерски телескоп.
Нема опасност од судар, но станува збор за интересно прелетување: астероидот има дијаметар од 300 метри и лесно може да се пронајде со домашен телескоп.
Интересно е тоа што овој сјаен астероид е пронајден пред неколку дена: виден е на 16 април, благодарение на MIT-овиот програм LINEAR (The Lincoln Near Earth Asteroid Research).
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment