Urban Fashion Studio Majski Cvet

Urban Fashion Studio Majski Cvet e frizernica koja nudi najdobri uslugi za vasata kosa! Potstrizuvanje, satiranja....nadgradbi na kosi...se sto posakuva eden tinedjer i tinedjerka za svojata kosa ! Najdobar izbor za polumaturantite e ovaa frizernica! Cenite se povolni i odgovaraat za site! Se naodja na gratskiot pazar na kat vo Tetovo!
URBAN FASHION STUDIO MAJSKI CVET!!!

Friday, April 27, 2007

Супермен е горе, погледнете кон небото!


Митот и легендите отсегогаш биле составен дел од нашето живеење. Co нив и со нивниот волшебен свет првично се запознаваме преку бајките. Тоа е свет во кој можат да се случат и неверојатни нешта, да се лета, да се победи злото. Многу често, иако сосема обичен и "мал", без какви било таинствени и необични "нишани", човекот победува разни непријатели и мистични сили, како херој кој во себе ја поседува сета мудрост и умеење на човештвото. Оттаму потребата да веруваме дека тие моменти можеме да ги задржиме и пренесеме во реалниот свет. Обременети со чувството дека сме само обични луѓе, немоќни да му се спротивставиме на злото, создаваме супер херои, кои застануваат, во одбрана за доброто на човештвото. Кристофер Рив кој неодамна почина од инфаркт, на возраст од 52 години, беше актер кој можеше да се "пофали" дека во својот живот барем еднаш бил супер-херој, играјќи ја улогата на Супермен, односно новинарот Кент Кларк, во истоимениот филм, снимен 1979 година.

За жал, приватно и од денешен аспект, се чини за него е позначаен филмот "Прозорец од задната страна" во кој глуми лице во инвалидска количка. Зашто, по фаталниот пад од коњ во 1995 година, Рив во реалниот живот станал токму таков! Во мошне популарното шоу на Лари Кинг, направено по таа несреќа, во кое и двајцата го коментирале тој филм, Рив искрено жалел за своето размислување и однесување кон лицата во инвалидски колички во периодот кога, по сето она што го набљудувал во рехаби-итациониот центар (каде заминувал за да се подготви и поверодостојно да ја одигра улогата на лице со хендикеп) му се заблагодарувал на Бога што тој не бил дел од сето тоа!

Сепак, "Супермен" е и ќе остане запаметен како фимско остварување кое изврши огромно влијание на повеќе рамништа. Тој е модерна сага за вечниот човечки сон за совладување на сето зло што може да го снајде "обичниот" овоземен човек. За оваа сага биле снимени неколку филмски продолженија, и за неа, по забележаниот и неспорен успех и одличниот прием кај публиката, биле направени дури и обиди за нејзини филмски репродукции. И покрај тоа, како и покрај големиот број слични супер-херои од цртаните и филмуваните серии (Бетмен, Фантом, Спајдермен) кои подоцна ќе се обидат да ја достигнат славата на Супермен, сепак, актерот Кристофер Рив ќе остане во нашите сеќавања како првиот успешен оживотворен супер-херој.
Се чини дека никој и нема да успее да го надмине, поради беспрекорната актерска изведба и успехот во напорите тој лик навистина да добие сосема оригинален и никогаш повторно успешно имитиран имиџ кој будел и ќе буди толкава возбуда и одушевеност кај многу генерации.

Супермен е лик кој пленува по само првото гледање на филмот. Овој супер-херој е непомирлив и неприкосновен борец за правда, за заштита на послабиот, волшебник кој води двократен живот - во реалноста тој живее нормален живот на новинар чие име е Кент Кларк, во кого скришно е вљубена неговата колешка, Лоис Лејн.

Познавајќи ја својата натприродна моќ, Кент, алијас Супермен, секогаш наоѓа начин да "избега" од настанот и да ја искористи во хумани и правични цели.
Потребата да остане таинствен и јавноста да не ја открие неговата супер-сила, многу често му предизвикува потешкотии во моментите кога тој треба да се "трансформира", соблекувајќи ја својата елегантна работна облека, и вивнувајќи се во височините, во облаците, во својот оригинален костим, за да "долета" до местото каде некаква неправда загрозува некој невин човек. Најлут непријател и најголем ништожник, кој постојано му предизвикува непријатни сцени, е злобникот со име Лекс Лутор...
Низ ликот на Супермен, Кристофер Рив речиси маестрално - со оглед на тогашниот степен на технолошкиот развој на филмската индустрија - ја пренесуваше идејата дека и обичните луѓе можат да бидат херои, но дека тоа треба да го пронајдат најпрвин во срцето, треба да ја имаат желбата тоа и да го остварат. Тој самиот во една пригода изјавил: "Силата на Супермен не е зо неговата моќ, туку во мудроста и зрелоста таа да биде искористена во правилна насока".


Кристофер Рив бил роден на 25.09.1952 година во Њујорк. Љубовта кон актерството ја почуствувал уште во раното детство кога со неговиот помал брат, во картонски кутиии, играле пирати.
На деветгодишна возраст бил примен во професионалниот театар Принстон да игра во операта Yeoman of the Guard на Gilbert и Sullivan. Bo школските денови, Рив учествувал во разни школски активности вклучувајќи ја и улогата на претседател на Клубот за драма при училиштето Принстон.
Поради чувството дека го запоставува училиштето, се зачленил во неколку школски клубови и тимови. Играл хокеј на мраз, членувал во школскиот оркестар, дури пеел и во хор. Се ангажирал за секојдневните промени, што го засегале а биле од општествен интерес, уште во средното училиште, протестирајќи против војната во Виетнам, а подоцна, и како возрасен. околу прашања за првиот амандман на нивниот Устав, Финансирањето на уметноста...

По средното училиште, Рив настојувал да заврши високо образование, а воедно работел и како професионален актер.
Се запишал во познатото училиште за уметнички изведби во Њујорк. Од актерската анонимност бил извлечен во 1976 година кога се пријавил на аудиција за филмот "Супермен" и ја добил улогата. Забележал вкупно 17 филмски остварувања, телевизиски филмови, а учествувал и во 150 театарски претстави.
Тој бил пилот и атлет, но многу ја сакал и музиката. Велел дека кога не би бил актер, најверојатно би сакал да биде професионален музичар. Во деведесеттите, коњите станале негова страст. Особено го сакал спортот наречен "event" во кој, прецизноста во дресирањето коњи, е комбинирана со возбудливи патувања низ земјата.
Фаталниот "event" ce случил во мај 1995 година, во Вирџинија, кога коњот на Рив ненадејно застанал, исфрлајќи го од седлото, а рацете не можеле да му го ублажат падот. Рив се здобил со скршеници на двата вратни пршлена, повреда поради која било неможно да дише без помагало и бил парализиран од вратот надолу.
Лекарите врз него извршиле деликатна операција која буквално значела спојување на главата со вратните пршлени. Благодарение на нивната пожртвуваност, тој останал жив и се движел со помош на неговата електрична количка.

По шест месеци престој во болница, се вратил дома. Неговата сопруга го приспособила домот за него и за движење со помош на инвалидска количка.
Во една пригода изјавил: "Сега, како хендикепиран, секако дека мојот главен фокус е квалитетот на животот на лицата со хендикеп и помагам колку што можам научниците да напредуваат во лекувањето на овие лица, и нивниот третман пред се како личности, но и за општото добро во светот".
Набрзо станал директор на американското Здружение на лицата со парализа и заменик директор на Националната организација на хендикепирани, а во 1996 година создал своја фондација.

Фондацијата "Кристофер Рив" служела за прибирање средства наменети за истражување и за грантови за локалните агенции чиишто активности се фокусираат на подобрувањето на квалитетот на животот на лицата со хендикеп. Тој ги искористил своите контакти за да го зголеми фондот за истражувачки намени, но и за подигање на јавната свест за потребите и желбите на лицата со посебни потреби.

На 11.10.2004 година, со семејството покрај него, Рив почина. Иако неговиот живот беше прекраток, тој беше инспирација за многумина поради неговото лобирање и застапување на лицата со посебни потреби.
По неговата ненајдејна смрт, медиумите речиси секојдневно откриваат низа моменти од неговиот живот, кои помеѓу другото, говорат и дека тој сесрдно се обидувал да даде свој особен придонес во заживувањето на идеите и стремежите кои, индиректно и можеби и ненамерно, ги промовирал низ ликот на Супермен.
Во интервјуто кое скоро пред смртта го дал за телевизијата BBC, тврдел дека на парализираните би им било многу полесно да проодат ако нивната држава би застанала зад нив.

Како што Супермен ги штител слабите, немоќните и сите на кои неговата помош и сила им била најмногу потребна, од животно значење...!? Супермен ќе живее. Тој навистина се вивна - кон небото!

1 comment:

Anonymous said...

Това е хубава статия за четене, благодаря ти, че го споделят.