Thursday, April 26, 2007
Домо - андроид кој учи, памти и чувствува болка
Иако за нив многу имаме слушано и гледано на филмови, хјуманоиден робот кој е фин и симпатичен, тешко може да се пронајде.
На американски научници им тргнало од рака, па успеале да дизајнираат робот на кој пренеле неколку важни човечки карактеристики - има очи (големи и квалитетни) односно раце и дланки кои функционираат идентично како човековите.
Создавачите за овој проект рекле дека е еден од поголемите чекори во изработката на вистински андроиди на кој му го дале името Домо.
Домо е резултат на долготрајна соработка помеѓу Aaron Edsinger, Jeff Webber и друга поголема група на научници, а направен е во Институтот за технологија во Масечусетс. На неговиот дизајн и конструкција е работено околу три години, а создавачите нагласуваат дека во тие години биле вкучени и многу будни ноќи.
Домовите очи се најинтересниот дел, а научниците нагласуваат дека поради фактот дека има очи слични како човековите со нив може многу лесно да се работи бидејќи едноставно може да се следи во која насока е неговиот поглед.
Симпатичните очи всушност се скриени камери поврзани со 12 компјутери вградени во неговото тело, па Домо може да гледа што се работи, да ја следи работата со поглед, а предметите може да ги држи без никаква опасност од нивно гмечење или уништување на било каков начин. Освен тоа, Домо реагира и на човеков глас - наредбите кои му се даваат на гласовен начин може многу лесно да ги изврши.
Освен што со очите и рацете се служи на начин сличен на човековиот, луѓето кои ја потпишуваат неговата изработка тврдат дека Домо има уште нови квалитети - може да ја прочита и испита својата околина, да реагира на допир (што е нужно за безбедна интеракција со луѓето), а доколку прејако го стиснете Домо ќе испушти звук на болка.
Домо не е рутински програмиран, а целата работа е како резултат на новиот пристап за изработка на хјуманоидни роботи. Иако е симпатичен и корисен, научниците напоменуваат дека ги чека уште многу работа - патот до вистинскиот хуманоид е сеуште предолг и за достигнување на целта не се доволни само крупни очи и способни раце.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment