Thursday, April 26, 2007
Мартин и Лео повторно заедно
Мартин Скорсезе за снимањето на својот нов филм повторно побарал помош од познатиот "авијатичар" - Леонардо Ди Каприо.
Martin Scorsese и Leonardo DiCaprio би можеле да се најдат во повторна соработка. Леонардо очигледно му се допаѓа на Мартин, па после одличниот успех на The Departed, припрема нова улога за Лео.
Новиот проект на Скорсезе е филм заснован според животот на брокерот Jordan Belfort, кој поминал 20 месеци во затвор бидејќи одбил да соработува во истрагата околу скандалот на Wall Street во 90-тите години.
Сценариото на филмот го напишал Terence Winter (Фамилијара Сопранови), а Скорсезе планира да го режира со помош на Warner Bros Studio каде Ди Каприо на филмското платно би го глумел ликот на Белфорт.
Варајати пишува дека во филмот ќе се задржува на делови од биографијата на Белфорт, која наскоро би требала да биде објавена во САД.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
No comments:
Post a Comment