Urban Fashion Studio Majski Cvet

Urban Fashion Studio Majski Cvet e frizernica koja nudi najdobri uslugi za vasata kosa! Potstrizuvanje, satiranja....nadgradbi na kosi...se sto posakuva eden tinedjer i tinedjerka za svojata kosa ! Najdobar izbor za polumaturantite e ovaa frizernica! Cenite se povolni i odgovaraat za site! Se naodja na gratskiot pazar na kat vo Tetovo!
URBAN FASHION STUDIO MAJSKI CVET!!!

Thursday, April 26, 2007

Едноставни совети против мрсна коса



Дали со својата коса сте задоволни само неколку часа по нејзиното миење? Потоа, почнува преобразбата од убава, во нешто налик на мрсна супа со резанци, а другиот ден изгледа како да не е измиена цела недела? Еве неколку едноставни совети кои би требало да ви помогнат.

За се се криви лојните жлезди кои лачат премногу маснотии. Но, и тука има позитивна страна - мрснотиите ја штитат косата од кршење, го одржуваат темето во добра состојба и даваат сјај (за жал, понекогаш и премногу сјај).

Зошто косата претерено се мрси? Постојат неколку причини. Може да биде наследно, а може да биде и поради делувањето на хормоните. Тинејџерскиот период е време на делување на хормоните, па лојните жлезди работат засилено, но со време хормоните се смируваат, а состојбата на косата се нормализира. Кај жените на маснотиите може да делува и менструалниот циклус или контрацептивните таблети, а кај мажите мрсна коса може да настане како последица на земање средства за пумпање на мускулите (стероиди).

Мијте ја косата колку што е потребно. Здравата и убава коса е чиста коса без претерано многу маснотии. Но, не мијте ја косата повеќе од еднаш дневно, бидејќи може да дојде до надразнување на темето, негово сушење и поттикнување на уште поголемо лачење на маснотии. Доколку косата се масти претерано, обидете се да ја миете барем секој втор ден, но ако веќе следниот ден е изразено мрсна и не можете да го поднесете нејзиниот изглед, мијте ја секојдневно, но со благ шампон (најдобро со шампон за деца или бебиња).

Изберете шампон со што помалку адитиви и агресивни вештачки состојки кои би можеле да го изиритираат темето. Океј, знаеме дека нашминканите шишиња од тв рекламите ветуваат многу и привлекуваат кога ќе ги видите на полиците во маркетот, но...

Важно е добро да ја исплакнете косата. Остатоци од шампон дополнително можат да привлечат маснотии и нечистотии. Внимавајте да не ставате преголема количина шампон, а потоа добро да ја исплакнете косата и да го отстраните целосно.

Заборавете на регенераторот. Регенераторите или балзамите за коса не и требаат на мрсната коса. Доколку веќе ставате регенератор, ставајте само на врвовите на косата.

Не ја чешлајте косата премногу често. Секојпат кога ќе поминете со чешел или со четка низ косата, ја повлекувате мрснотијата од темето до останатиот дел на косата.

За време на фенирањето, внимавајте на растојанието на фенот од косата. Жешкиот воздух од фенот го суши и темето и така поттикнува уште поголемо лачење на маснотии, па најидеално би било косата да се суши природно.

Еве и неколку домашни рецепти против мрсна коса:

Еднаш неделно по шампонирањето на косата нанесете вода со малку јаболков оцет или лимонов сок. На една шоља вода ставете две лажички оцет или сок исцеден од пола лимон.

Измијте ја косата со малку чај. Чајот содржи теин кој ја намалува мрснотијата.

Еднаш месечно на косата нанесете вода во која се варела коприва и потоа исплакнете ја. Копривата е одлична во борба против мрсна коса.

No comments: