Thursday, April 26, 2007
Хокинг ќе проба бестежинска состојба
Познатиот британски астрофизичар Стивен Хокинг ќе ја замени инвалидската количка за бестежинската состојба во вселенско патување. Хокинг (65), кој е речиси целосно парализиран од еден вид болест на нервите, ќе лебди во посебно адаптиран патнички авион што стимулира нулта гравитација.
Американската вселенска агенција НАСА од 1973 година користи сличен авион, "КЦ-135 стратотенкер", за обука на астронаути кои нагалено го викаат "комета за повраќање".
Летот на Хокинг ќе му ја овозможи фирмата за вселенски туризам и забава "Зиро гравити корпорејшн" од Форт Лодердејл, Флорида. Летот е закажан за денеска со полетување од вселенскиот центар "Кенеди" во Кејп Канаверал, Флорида.
"Г-форс уан", модифициран "боинг 727", ќе се движи со параболични маневри почнувајќи со нагло качување до околу 10 илјади метри по што ќе се спушти нагло на 2.600 метри височина. На почетокот од секое спуштање, патниците може да почувствуваат куси епизоди на речиси тотално бестежинска состојба што траат речиси 25 секунди.
Обично се изведуваат 15 кревања и спуштања. Лебдењето во кабината на леталото создава чувство што е најблизу до вселенската прошетка.
Кога авионот ќе се крене по секое спуштање, патникот чувствува гравитациона сила речиси двапати посилна од нормалната гравитација. Тим медицински асистенти ќе бидат на теренот за да ја проверуваат состојбата на Хокинг за време на летот.
Хокинг, авторот на бестселерот "Кратка историја на времето" изјави дека е многу возбуден за летот.
"Како некој што цел живот ја проучувал гравитацијата и црните дупки, многу сум возбуден што ќе може да ја почувствувам бестежинската состојба и присуството во нулта гравитација", изјави тој.
Subscribe to:
Post Comments (Atom)
2 comments:
Отличная статья! большое спасибо автору за интересный материал. Удачи в развитии!!!
http://www.miriadafilms.ru/
silverhawkdragon.blogspot.com
Почему регистрация не работает ?
Post a Comment